Стратегија на селекција
Селекција во неколку чекори до објективна проценка
Погледнете под површината и откријте ги вистинските потенцијали кои ги поседува кандидатот! Какви се способностите на кандидатот за тимска работа и за остварување на задачи? Дали описот кој го дава кандидатот за себе е реален?
Подобрете ја сигурноста на вашите кадровски одлуки со објективен метод на селекција!
Кадровските одлуки имаат долготрајни ефекти – ви заштедуваат средства со правење на вистинскиот избор. Нашите Структурирани Интервјуа - наменети за кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми – и деталната HILL Анализа на Компетенци© ќе ви овозможат донесување на сигурно базирани одлуки.
Дали сакате да видите како се однесуваат кандидатите во социјалните интеракции?
Со одбирање на дополнителните модули „Вреднување по сите критериуми“, и „Assessment“ вие добивате можност уште повеќе да ја подобрите селекцијата со тоа што ќе откриете како се однесуваат кандидатите во интеракциите со другите.
„Кандидат кој на почеток ми изгледал дека е соодветен не значи дека навистина е. Многу пати сум се изненадил. Впечатокот на експертите за време на интервјуирањето на кандидатот и Анализата на Компетенци, овозможува длабок увид во неговата вистинска личност. Со спроведување на Аssessment Центар имаме можност за понатамошна процена и правење разлика меѓу кандидатите. Сепак, од најголемо значење е колку добро кандидатот ќе се вклопи во тимот.“Gьnter Frьhmann, Managing Director HILL International Linz