Стручен соработник за маркетинг и продажба- Фармахем – Скопје

објави
 
 
 
 
 
 
 
 
За нашиот клиент, Фармахем – реномирана компанија во областа на трговија со лабораториска опрема, инструменти и еколошки консалтинг, бараме самоиницијативна личност во секторот за дијагностика и лекови за позицијата
 

Стручен соработник за маркетинг и продажба

 
Квалификации:
 
  • Завршено високо образование: ПМФ (биохемија, хемија, биологија) или Фармацевтски факултет со солидни познавања од областа на биохемија
  • Одлично познавање на англиски јазик и работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
  • Претходно работно искуство и стручни знаења од областа биохемија и искуство во деловна коресподенција е предност
  • Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, желба за учење нови работи, висока организираност, прецизност, логика и аналитичност во размислувањето
  • Тимска работа со колегите во секторот и заедничко креирање на работата, правење заеднички планови за посети, активности, настани, промоции и др.
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
Одговорности:
 
  • Комуникација и посети на клиенти заради промоција на производите кои компанијата ги застапува
  • Организација на процес на продажба за клиентите со кои компанијата соработува, што вклучува : планирање на залиха, следење на залиха и нарачки
  • Подготовка на годишни и месечни планови, како и анализи за остварувањата според тие планови
  • Учество во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамките на секторот
  • Изработка на понуди за клиентите, следење на реализацијата на набавките и навремено отпочнување нови
 
 
Доколку сте заинтересирани за динамична работа, со можности за учење и напредок, Ве молиме испратете ја вашата биографија, со назнака за позицијата најдоцна до 12.12.2018. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.
 
www.hill.mk 
 
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве моломе наведете го тоа во мејлот.