Стручен соработник- Фармахем – Скопје

објави
 
 
 
 
 
 
 
 
За нашиот клиент, Фармахем – реномирана компанија во областа на трговија со лабораториска опрема и еколошки консалтинг, бараме самоиницијативна личност за продажба на високо софистицирана опрема за тестирање цемент, бетон, агрегати, асфалти, геомеханички испитувања, како и опрема за мерење на квалитет на воздух, квалитет на вода, бучава, емисии за позицијата
 

Стручен соработник

 
Квалификации:
 
  • Завршено високо образование: Градежен факултет или Машински факултет
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office 
  • Минимум 3 години работно искуство во иста или сродна област 
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Одлични комуникациски, преговарачки и интерперсонални вештини
  • Високо развиени аналитички и организациски вештини, ориентација за работа во тим, фокусираност и доверливост
 
Одговорности:
 
  • Организирање и координација на предпродажни и продажни активности
  • Развој на продажната мрежа и одржување на контакти со веќе постоечки клиенти
  • Преговарање, договарање и водење на евиденција за склучените договори со клиенти
  • Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
  • Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен
  • Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата
 
Доколку сте заинтересирани за динамична работа, со можности за учење и напредок, Ве молиме испратете ја вашата биографија, со назнака за позицијата најдоцна до 19.10.2018. 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.
 
www.hill.mk 
 
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве моломе наведете го тоа во мејлот.