Понудата е истечен10.01.2014.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа

Нашиот Клиент е реномирана и успешна интернационална компанија со сопствен производствен погон. Поради зголемен обем на активности, бараме амбициозни и мотивирани кандидати за позицијата

 

Специјалист за техничка поддршка

 

Квалификации:

  • Висока стручна подготовка (Информатички науки)
  • Пожелни се сертификати од посетувани курсеви за серверска администрација и мрежни компоненти
  • Без или со работно искуство
  • Познавање на професионални TCP/IP технологии, конфигурирање на активни мрежни компоненти и мрежна инфраструктура
  • Познавање на IP безбедносна опрема и технологии, вклучувајќи firewall/VPN уреди, системи за детекција и превенција на надворешни упади, IPSEC и сл.
  • Познавање на IT опрема и мрежни активни компоненти
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење

 

Одговорности:

  • Обезбедува квалитетно техничко одржување на функционалноста на информациските системи во компанијата, со цел обезбедување на постојаност и континуитет, зголемување на ефикасноста и квалитетна техничка поддршка за корисниците
  • Контрола и управување на работењето на Windows серверската инфраструктура
  • Обезбедува квалитетна поддршка за корисниците со цел да обезбеди континуитет на деловните процеси
  • Ја дефинира и одржува безбедносната политика на компанијата, контрола на анти вирусните системи, Firewall, Intrusion Detection System, ISA
  • Администрација на активни мрежни компоненти и управување со мрежна инфраструктура (LAN, WAN, DNS, DHCP)
  • Обезбедува централизирана корисничка поддршка (Help Desk)

 

Компанијата Ви нуди работна позиција на одреден временски период, со можност за постојано вработување, исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, како и наменски обуки.

Доколку ги исполнувате бараните услови и сте заинтересирани за професионален предизвик, Ве молиме вашата пријава и биографија да ја испратите на нашата адреса, со загарантирана дискреција. Задолжително назначете ја позицијата за која што аплицирате. Краен рок за доставување на апликациите е 10.01.2014.

E-mail: prijava@hill-international.com.mk

Хилл Интернатионал, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје

тел/факс: 02/3296-481

Времетраење на рекламата: 03.01.2014.