Понудата е истечен22.09.2015.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
 
 
 
 
 
 
 
 
ХИЛЛ објавува оглас за својот Клиент, ТГС – „Технички гасови“, која е компанија со повеќе од 80 годишна традиција и искуство во областа на производство и трговија со технички и медицински гасови. Дел од SOL групацијата, која што успешно оперира ширум Европа и бележи континуиран раст и експанзија на пазарот. За потребите на компанијата во Скопје, бараме одговорна и посветена личност за позицијата
 

Раководител на правна служба

 
Квалификации:
  • Високо образование – Правен факултет
  • Положен правосуден испит или адвокатура, ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство во областа на трговско и деловно право
  • Пожелно искуство во индустрија и со странски компании
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Личност со високо развиен интегритет, аналитичност, ориентација кон решавање на проблеми и иновативен пристап во спроведување на промени
  • Самостојност, лојалност и доверливост
 
Одговорности:
  • Константно следење на промените во законите и нивна имплементација
  • Анализирање, изработка и ревидирање на договори
  • Идентификување на проблеми и превземање правни мерки за нивно решавање
  • Советување во врска со законските одредби во областа на трговско и деловно право, архивско работење, закон за работни односи, закон за безбедност и здравје при работа итн.
  • По потреба, застапување на претпријатието пред судови и други државни органи
  • Давање на правни мислења и поддршка на одлуките на менаџментот
 
Нашиот Клиент ви нуди основна месечна бруто плата во износ од 60.000 денари, со работно време од Понеделник до Петок, од 08.00-16.00 часот. 
 
Доколку ги исполнувате бараните квалификации и сакате да работите во професионална работна средина, со можности за континуирано усовршување, Ве молиме испратете го вашето CV и мотивационо писмо на англиски јазик, со назнака за позицијата. Крајниот рок за доставување на апликациите е 14.09.2015.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.
 
Во зависност од бројот на пристигнати апликации, изборот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
 
tel: +389 2 3296 481
 
Времетраење на рекламата: 31.08.2015.