Најбарани се продажните менаџери

објави

 

Во последно време во Македонија најбарани профили се претставниците за продажба и продажните менаџери, како и позициите поврзани со финансии, сметководство, ИТ-специјалисти и програмери. Како резултат на влегувањето на нови инвестиции и отворањето производствени капацитети, сè повеќе се бараат и профили од техничките струки.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Раководењето со човечките ресурси во компаниите добива сè поголемо значење во мултинационалните компании. Во последно време кај нашите посериозни компании претставува еден вид тренд да се формираат сектори за човечки ресурси и да се трансформираат некогашните кадровски служби во сектори што ќе се занимаваат не само со административни и општи работи, туку ќе се посветат и на целокупното управување со човечките ресурси. Компаниите сè почесто се одлучуваат и за соработка со агенции за човечки ресурси како објективни партнери надвор од компанијата, што им даваат значајна поддршка во пронаоѓање, градење и проценка на кадрите. 
 
Еден од позначајните аспекти на човечките ресурси е селекцијата на вработени, за што постојат специјализирани компании во Македонија што професи онално се занимаваат со оваа проблематика.

 

Пазар на трудот во Македонија

 

Со оглед на актуелната економска ситуација на глобално ниво, што се одрази и на целокупниот пазар во Македонија, а со тоа и на пазарот на трудот, потребата од нови вработувања е намалена и кај голем број компании постои несигурност за примање на нови вработени. Секако, и во услови на несигурност постојат компании што играат офанзивно и вложуваат во развојот на своите бизниси. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Во последно време најбарани профили се претставниците за продажба и продажните менаџери, како и позициите поврзани со финансии, сметководство, ИТспецијалисти и програмери. Како резултат на влегувањето на нови инвестиции и отворањето на производствени капацитети, сè повеќе се бараат и профили од техничките струки. 
 
Од продажните позиции најголема предност им се дава на лицата со искуство во областа со стока за широка потрошувачка и, секако, овие профили се „на цена“ не само во областа, туку се барани и во другите бранши. 
 
Пазарот на работна сила може да се подели во три категории: активна работна сила, полуактивна и пасивна. Активната работна сила ја сочинуваат невработени лица со или без работно искуство, кои се во потрага по работа, и вработени лица кои сакаат да го променат работното место, активно следат огласи и се прија вуваат на нив. Полуактивната работна сила се обично вработени лица, кои ретко аплицираат на огласи, но се наоѓаат во Базата на потенцијални кандидати кои би биле заинтересирани да го променат работното место. Третата категорија, пасивна работна сила, се вработени луѓе кои неаплицираат на огласи и задоволни се од својата работа, што не значи дека доколку им се понуди добра можност не би ја промениле позицијата. Сите овие категории го сочинуваат пазарот на трудот, со тоа што првите две категории се полесно достапни до компаниите, а за последните треба поспецифични методи за да им се пристапи и да станат дел од активната или полуактивната работна сила.
 
Во Македонија постојат исклучително квалитетни кадри, за што сведочат многу интернационални компании што барале кадри за своите операции во Македонија и биле изненадени од професионалноста, стручноста и квалитетот на понудата на работна сила.
 

Дали компаниите во Македонија користат професионална помош при селекција на кадри?

 

Многу често интернационалните компании користат професионални услуги од специјализирани компании за барање и селекција на кадри, со што донесуваат сигурно базирани одлуки за изборот на своите вработени. 
 
Изборот на добри работници и, најважно, соодветни поединци на соодветни работни места претставува основа за успешно функционирање на секоја компанија. А за да се постават поединците на соодветни работни места неопходна е претходна проценка на нивните способности, потенцијали и преференции. Техниките и методите што ги користат специјализираните компании за селекција им овозможуваат на своите клиенти побрза и пообјективна проценка, а резултатот е претставување кандидати кои во најголема мера ги задоволуваат сите важни критериуми за бараната позиција. Со тоа се намалува ризикот за погрешни одлуки и се зголемува ефикасноста на компанијата.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Други придобивки што ги добиваат компаниите со користење на надворешни услуги за регрутација и селекција на кадри е заштеда на време, средства и ресурси, а добивање на објективно избрани кандидати. Замислете колку време треба да изгуби менаџерот, или доколку компанијата има лице одговорно за човечки ресурси, само за разгледување на биографиите пристигнати на еден оглас, што често се и повеќе од 300-400 пристигнати апликации за една објавена позиција. Потоа следуваат јавувања на соодветните кандидати и организирање интервјуа, што одземаат околу половина час по кандидат и дополнително време доколку постои тестирање на кандидатите. Обично, компаниите го прават изборот по едно извршено интервју со избраниот кандидат. Потоа, во првите неколку месеци новиот вработен се воведува во новата организација, се запознава со културата на компанијата и со тимот во којшто ќе работи. Во него се вложува за стручна обука за да може вработениот да биде ефективен, а обично тоа се интерни обуки од страна на другите вработени, кои, пак, вложуваат од своето време додека новиот член на тимот не се стекне со потребните вештини. Сето ова многу чини и донекаде би било во ред доколку кандидатот се покаже соодветен за бараната позиција, но што се случува ако и по толку вложено време и средства согледате дека тоа не е вистинскиот кандидат за вас? Повторно целиот процес од почеток… Ваквиот начин на избор на своите вработени скапо ги чини компаниите и нивните бизниси. 
 
Поради тоа, помошта од стручни лица и проверени методи за проценка на способностите на кандидатите нуди поголема сигурност и помала веројатност за погрешен избор, а од друга страна заштеда на време и ресурси на компанијата.
 
Свеста за ваквите услуги кај домашните компании полека се развива. Сè уште голем дел од домашните компании гледаат со скептицизам на оваа тема и своите вработени ги примаат по препорака или по интуиција, без претходна проценка на потенцијалите и способностите на кандидатите.
 
Оние компании што се увериле во предноста и придобивката од користењето професионална селекција на кадри и понатаму регрутацијата и селекцијата на соодветни кадри им ја препуштаат на професионалците од оваа област.

 

Овој текст е објавен во октомврискиот број на магазинот InStore. Автор: Анета Дуданова