Понудата е истечен31.03.2018.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
 

 
 
 
 
Хилл Скопје за својот клиент, германска фармацевтска компанија присутна низ цела Европа, бара самостојна, организирана и мотивирана личност за позицијата:
 

 

Менаџер за човечки ресурси

 

Квалификации:
  • високо образование
  • најмалку 5 години искуство во областа на човечки ресурси, пожелно во поголеми интернационални структури
  • одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • прецизност, доверливост и ориентација кон детали
  • изразени комуникациски, аналитички и организациски вештини
  • независност, истрајност, стратешки начин на размислување, решавање на проблеми и спроведување на планови
 
Одговорности:
  • координирање на процесите во секторот за човечки ресурси, имплементација на корпоративните активности и барањата поврзани со човечки ресурси во компанијата
  • планирање на HR стратегијата и имплементација на HR плановите и процедурите
  • одговорно лице пред екстерни и интерни ревизии за функционирањето на сите процеси за човечки ресурси 
  • одговорен за буџетирање на трошоците во човечки ресурси и бројот на вработени 
  • управување со процесите за вработување и развој на кариерата, спроведување на процесите на регрутација и селекција
  • учество во социјализација и ориентација на нови вработени 
  • реализација на годишниот план за обука и развој 
  • реализација на PMP – Performance Management Process 
  • учество во регионални проекти за човечки ресурси 
  • следење на законите и поддршка на менаџментот во областа на човечките ресурси
 
Доколку сте заинтересирани за предизвик и одговорна позиција, Ве молиме испратете ја вашата биографија со назнака за позицијата. Краен рок за доставување на апликациите е 16.03.2018. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. 
 
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
 
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.
 
Времетраење на рекламата: 01.03.2018.