Менаџер одговорен за магацини и логистички операции- Скопје

објави
 
 
 

 
 
 
 
Хилл Скопје за потребите на својот Клиент, успешна интернационална компанија, објавува оглас за работна позиција
 
 

Менаџер одговорен за магацини и логистички операции

 
 
Квалификации:
 
  • Завршено високо образование од областа на економските или техничките науки
  • Раководно лице со искуство во логистика, дистрибуција или складирање на стоки, со повеќе од 5 години работно искуство во раководење со луѓе и одговорности за целокупното управување со синџирот на снабдување.
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office (Word, Excel, Power Point, Internet, SAP system)
  • Познавање, почитување и примена на важечки закони, прописи и професионални стандарди
  • Способност за работење на повеќе задачи истовремено и поставување на приоритети според важноста и итноста на задачите и работа на проекти
  • Самоиницијативност и давање на предлози и идеи за постојано подобрување на работата
  • Ориентираност кон тимска работа и детали со акцент на точност и конзистентност
  • Високо развиени аналитички, комуникациски и организациски вешини
 
 
Одговорности:
 
  • Навремено го координира и планира раководењето со магацинскиот инвентар и планот за логистика, со цел да обезбеди услови за соодветно складирање на матерјалите во магацините
  • Го раководи процесот на проверка и го надгледува движењето на матерјалите на локација, а воедно ја следи евиденцијата на резервите на матерјали 
  • Го раководи својот тим и го координира работењето на меѓу-секторски тимови во компанијата со цел да обезбеди навремено ослободување на пратките според барањата на клиентите и деловните приоритети.
  • Учествува и е ангажиран во сите ревизии кои се однесуваат на работењето на одделението за магацини
  • Координација и водење на CAPEX и останати проекти во целокупниот синџир на снабдување
  • Воведува нови проекти за подобрување на работењето на магацините и намалување на трошоците за товар и работна сила, со цел да го подобри времето на излез на стока и добра од магацинот и да ги намали потенцијалните предизвици во однос на квалитетот поврзани со оперативното работење.
  • Развива процедури и политика за раководење и следење на резервите на матерјали и оптимизирање на трошоци
  • Креирање на извештаи за работењето на Дистрибуција и Магацини
  • Работење и егзекуција во SAP, ќе се смета за предност
  • Соработува со финансискиот сектор при одржување попис на материјали во магацините
  • Идентификува и следи клучни финансиски индикатори, се стреми кон перформанса, идентификува трендови и сугерира стратегии кои водат кон резултати
  • Како раководител на тим, одржува редовен контакт како со вработените, така и со добавувачите и редовно го пријавува напредокот, потенцијалните ризици и решенијата за внатрешното управување.
  • Одговорност за развој на план за подобрување на посветеноста и мотивираноста за своите вработени, со дефинирање на цели и мотиватори
  • Работи исклучиво според и во согласност со барањата на компанијата и стандардите за квалитет
 
 
Доколку сте заинтересирани за предизвик и одговарате на бараните квалификации, Ве молиме испратете го вашето CV со назнака за позицијата. Краен рок за доставување на апликациите е 19.10.2018.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.
 
www.hill.mk 
tel: 02/3296-481
 
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве моломе наведете го тоа во мејлот.