Медицински претставник – HILL

објави
 
 
 
 
 
 
 
 
Хилл Скопје за својот клиент, германска фармацевтска компанија присутна низ цела Европа, бара самостојна, организирана и мотивирана личност за позицијата:
 

Медицински претставник

Квалификации:
 
  • ВСС – доктор по медицина/ стоматологија или дипломиран фармацевт
  • Искуство во промоција на фармацевтски производи ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлични комуникациски и презентациски способности 
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Динамичност, флексибилност и самоиницијативност
 
Одговорности:
 
  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
  • Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
  • Учество и организирање на стручни собири
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Идентификување на нови деловни можности и иницирање на контакти
 
 
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резлутати. 
 
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 23.07.2018, со назнака за позицијата. 
 
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
 
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.