Медицински претставник – ХИЛЛ

објави
 
 
 
 
 
 
 
 
Хилл Скопје за својот клиент, компанија која е реномиран регионален лидер во областа на фармација, бара самоиницијативна и мотивирана личност за позицијата:
 

Медицински претставник 

 
Квалификации:
 
  • ВСС – дипломиран фармацевт или доктор по медицина/ стоматологија  
  • Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлични комуникациски и презентациски способности 
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Динамичен и флексибилен пристап во извршувањето на работните обврски
 
Одговорности:
 
  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
  • Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
  • Учество и организирање на стручни собири
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Идентификување на нови деловни можности и иницирање на контакти
 
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето. 
 
Работното време за оваа позиција е од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 24.01.2020, со назнака за позицијата. 
 
www.hill.mk 
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481