Понудата е истечен11.04.2017.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
Нашиот клиент е реномирана интернационална компанија која успешно оперира во областа на производство и трговија со бои, лакови и индистриски премази, нудејќи професионални решенија на своите потрошувачи, професионалци и индустриски корисници. Со цел проширување на продажниот тим, бараме амбициозни, енергични и посветени кандидати за позицијата
 

Комерцијалист за продажба на индустриски премази

 
Квалификации:
  • ССС/ВСС (технички науки/економија)
  • Техничко искуство во областа на градежништвото, металната индустрија и сл. 
  • Минимум 5 години работно искуство во областа или Б2Б продажба 
  • Познавање од областа на продажба со бои и лакови
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Валидна возачка дозвола и подготвеност за теренска работа
  • Одлични комуникациски, преговарачки и интерперсонални способности
  • Насоченост кон остварување на цели, упорност и изразени аналитички вештини 
 
Одговорности:
  • Одговорен за продажба на индустриски премази за професионална употреба 
  • Одговорен за исполнување на месечните продажни планови 
  • Зголемување на продажбата во регионот, и позционирање на теренот 
  • Подготвува годишни договори и планови за продажба со купувчи во оваа категорија 
  • Одговорен за наплата на побарувањата, и преземање дополнителни мерки за доспеани побарувања 
  • Ја мониторира и координира доставата на производите
  • Организира презентации во координација со оддел маректинг
  • Да биде во тек со активностите на конкуренцијата и да предлага соодветни и навремени мерки до менаџментот
  • Одржување и иницирање на професионални релации со постоечки и нови клиенти
  • Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен
  • Следење на јавните набавки, подготовка на понуди и преговарање
  • Негување добри односи со купувачите и нивно навремено информирање за нови производи и услуги
  • Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата
  • Редовно известување до менаџментот
 
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резлутати. 
 
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија и мотивациско писмо најдоцна до 02.03.2017, со назнака за позицијата. 
 
 
тел: +389 2 3296 481
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. 
Во зависност од бројот на пристигнати апликации, изборот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.
 
Времетраење на рекламата: 23.02.2017.