Понудата е истечен31.12.2013.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
Нашиот Клиент е реномирана и успешна интернационална компанија со сопствен производствен погон. Поради зголемен обем на активности, бараме амбициозни и мотивирани кандидати за позицијата
 
 
 

IT специјалист 

- поддршка на деловни сиситеми и развој на апликации - 

 
 
Квалификации:
  • Висока стручна подготовка (Информатика)
  • Пожелно 3 години работно искуство во Информатичка технологија 
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Познавање на работа со бази на податоци, PL/SQL, пожелно познавање на Oracle DB 9 и работа со Oracle Forms и Reports 6.
  • Основно познавање од IT  опрема, протоколи и мрежни компоненти 
  • Искуство во управување и одржување на сложени ERP апликации, познавање на деловни процеси
  • Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
 
 
Одговорности:
  • Обезбедува ефикасно одржување на ERP сиситемот на компанијата
  • Идентификува потреби, проектира, програмира и имплементира нови апликации или ги подобрува постоечките
  • Обезбедува квалитетна поддршка за корисниците со цел да обезбеди континуитет на деловните процеси
 
 
Компанијата Ви нуди работна позиција на одреден временски период од 18 месеци, со можност за постојано вработување, исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, како и наменски обуки.
 
Доколку ги исполнувате бараните услови и сте заинтересирани за професионален предизвик, Ве молиме вашата пријава и биографија да ја испратите на нашата адреса, со загарантирана дискреција. Задолжително назначете ја позицијата за која што аплицирате. Краен рок за доставување на апликациите е 16.12.2013.
 
 
 
Хилл Интернатионал, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
www.hill.mk
Времетраење на рекламата: 13.12.2013.