HILL Метод
Откријте ги и унапредете ги потенцијалите
Личните и професионалните вештини стануваат „мерливи“ со помош на комбинација од хуманистички пристап кон поединецот и анализа на сите релевантни фактори од психолошката процедура. На тој начин добивате подлабок увид во целосниот потенцијал на личноста и организацијата.
Хуманистички пристап
Во HILL, личноста има централно место. Поединците кои се правилно распоредени во својата работна средина, се позадоволни, помотивирани и постигнуваат подобри резултати. Хуманистичкиот пристап е застапен во сите HILL-ови процедури – од начинот на кој се спроведуваат интервјуата, до администрирање на HILL Анализата на Kомпетенци©, се до начинот на кој се елаборираат резултатите на секој од кандидатите.
"Свесноста за важноста на социјалната интелигенција и емоционалните фактори, беше мотивот поради кој долги години соработувам со HILL. Им придавам голема важност на моите вработени и на мојот однос кон нив во секојдневните активности, како менаџер. Моето мото е: слушај, мотивирај, одлучувај. Овој став ме поврзува со HILL и истовремено тоа е мојата тајна за успехот во кариерата."Arthur Oberascher, Managing Director Österreich Werbung