Понудата е истечен15.06.2021.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
 
 
 
 
 
 
 
 
HILL Skopje за нашиот клиент Teknoxgroup, бара самостојна, организирана и аналитична личност за позицијата Сметководител.
 
Нашиот клиент Teknoxgroup е успешна и реномирана глобална компанија од областа на градежната и машинската индустрија и e овластен дилер на Caterpillar и на Hartl – дробилки и просејувачи во регионот и пошироко. За потребите на нивниот тим во Скопје, бараме 
 
 
 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 
 

ОДГОВОРНОСТИ:

 
  • Да води општа сметководствена евиденција на компанијата од книжење до затворање на книгите и  изготвување пробен биланс;
  • Да води евиденција на влезни и излезни фактури, во согласност со основната даночна обврска на земјата, со исклучок на поднесување даночна пријава до властите и периодични финансиски извештаи кон пријавата за ДДВ;
  • Да ги проследува наплатите на побарувањата и плаќањата на добавувачите;
  • Да му помага на надворешниот советник околу даночните прашања на даночната единица;
  • Да му помага на надворешниот советник за сметководствени работи во однос со персоналот /рекапитулари за плата;
  • Да води управувачко сметководство со вршење едноставни контролни активности – да доставува извештаи за остварена добивка и загуба до седиштето на компанијата;
  • Да го подготвува пакетот извештаи за TESYA.
 
 

КВАЛИФИКАЦИИ:

 
  • Големо искуство во струката, лиценца за овластен сметководител – пожелно;
  • 4-5-годишно искуство во областа на сметководството: способност за книжење и затворање на книгите на компанијата и изготвување пробен биланс. Искуство стекнато, по можност, во овластена сметководствена служба или компанија што припаѓа во деловниот сегмент на Текноксгруп Македонија;
  • Добро познавање на говорен и пишан англиски јазик;
  • Одлично познавање на Excel и Outlook;
  • Искуство со софтвер за претпријатија и планирање на ресурсите (ERP) / сметководствен софтвер (пожелно Navision).
 
 
Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата. 
 
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
Времетраење на рекламата: 10.05.2021.