Нашиот Клиент е реномирана и успешна интернационална компанија со сопствен производствен погон. Поради зголемен обем на активности, бараме амбициозни и мотивирани кандидати за позицијата
Специјалист за техничка поддршка
Квалификации:
- Висока стручна подготовка (Информатички науки)
- Пожелни се сертификати од посетувани курсеви за серверска администрација и мрежни компоненти
- Без или со работно искуство
- Познавање на професионални TCP/IP технологии, конфигурирање на активни мрежни компоненти и мрежна инфраструктура
- Познавање на IP безбедносна опрема и технологии, вклучувајќи firewall/VPN уреди, системи за детекција и превенција на надворешни упади, IPSEC и сл.
- Познавање на IT опрема и мрежни активни компоненти
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
- Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
Одговорности:
- Обезбедува квалитетно техничко одржување на функционалноста на информациските системи во компанијата, со цел обезбедување на постојаност и континуитет, зголемување на ефикасноста и квалитетна техничка поддршка за корисниците
- Контрола и управување на работењето на Windows серверската инфраструктура
- Обезбедува квалитетна поддршка за корисниците со цел да обезбеди континуитет на деловните процеси
- Ја дефинира и одржува безбедносната политика на компанијата, контрола на анти вирусните системи, Firewall, Intrusion Detection System, ISA
- Администрација на активни мрежни компоненти и управување со мрежна инфраструктура (LAN, WAN, DNS, DHCP)
- Обезбедува централизирана корисничка поддршка (Help Desk)
Компанијата Ви нуди работна позиција на одреден временски период, со можност за постојано вработување, исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, како и наменски обуки.
Доколку ги исполнувате бараните услови и сте заинтересирани за професионален предизвик, Ве молиме вашата пријава и биографија да ја испратите на нашата адреса, со загарантирана дискреција. Задолжително назначете ја позицијата за која што аплицирате. Краен рок за доставување на апликациите е 10.01.2014.
E-mail: prijava@hill-international.com.mk
Хилл Интернатионал, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481