Специјалист за набавка – WURTH Macedonia – Скопје

published:
 
 
 
 
 
 
 
HILL Skopje за нашиот клиент WURTH Macedonia, бара самостојна, организирана и проактивна личност за позицијата Специјалист за набавка. Нашиот клиент WURTH Macedonia е дел од меѓународната WURTH Група со седиште во Германија и Швајцарија која се занимава со продажба на технички производи со примена во авто, метална, дрвена индустрија и градежништво. Поради проширување на нивниот тим во Скопје, бараме 
 

Специјалист за набавка

 

Одговорности:

  • Активно учество во целокупниот процес на набавки
  • Анализирање на пазарот за достапност на тековни и идни набавки
  • Подготвување на нарачки за набавка на производи
  • Следење и анализа на постоечкиот лагер на производи
  • Одржување контакт со добавувачи и организација на транспорт
  • Подготовка на извештаи поврзани со достапност на артикли и залиха

Квалификации:

  • BCC од областа на организациски науки или технички науки
  • Одлично познавање на Англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола Б – категорија 
  • Интерес и искуство во решавање на нумерички задачи
 
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична и тимски ориентирана средина која промовира достигнувања, успех и ориентација кон купувачот. 
Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата. 
 
 
 
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481