ТГС – „Технички гасови“ е компанија со повеќе од 80 годишна традиција и искуство во областа на производство и трговија со технички и медицински гасови. Дел од SOL групацијата, која што успешно оперира ширум Европа и бележи континуиран раст и експанзија на пазарот. За потребите на лабораторијата за испитување на технички и медицински гасови, бараме амбициозна и добро организирана личност за позицијата
Одговорен на лабораторија
- Фармацевт -
Квалификации:
- Дипломиран Фармацевт, со специјализација по Контрола и испитување на лекови
- Пожелно е работно искуство во испитување на лекови
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
- Возачка дозвола – Б категорија
- Иницијативна, добро организирана и само-мотивирана личност
Одговорности:
- Целосна организација на активностите во лабораторијата за испитување на технички и медицински гасови
- Обезбедување на целосно проверени и безбедни финални производи и нивно одобрување пред пуштање во промет
- Континуирано следење на стандарди и законските одредби поврзани со фармаковигиланца, производство и регистрација на лекови
- Грижа за правилно функционирање на лабораториската опрема
Нашиот Клиент ви нуди основна месечна бруто плата во износ од 50.912 денари, со работно време од Понеделник до Петок, од 08.00-16.00 часот.
Доколку ги исполнувате бараните квалификации и сакате да работите во професионална работна средина, со можности за континуирано усовршување, Ве молиме испратете го вашето CV и мотивационо писмо на англиски јазик, со назнака за позицијата. Крајниот рок за доставување на апликациите е 18.02.2014.
e-mail: prijava@hill-international.com.mk
tel: +389 2 3296 481