Job expired on 19.11.2013.
View current job openings in our Job section

За потребите на нашиот Клиент, кој е мултинационална успешна компанија од областа на градежништвото, бараме високо стручни професионалци за позицијата
 

МЕНАЏЕР НА КВАЛИТЕТ
 

Квалификации:

  • Универзитетска диплома од техничките науки (Техничко-технолошки, Градежен или Рударски Факултет)
  • Работно искуство над 10 години во производство, и искуство во работењето со Системи за управување со квалитет, екологија, заштита и безбедност при работа
  • Семинар / тренинг за Систем за управување со квалитет ISO 9001:2008 (предност имаат кандидатите со положен Lead Auditor  ISO 9001:2008 IRCA регистриран курс).
  • Доказ за познавање и разбирање на Барањата на  системот за управување со  квалитет
  • Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма,
  • Одлично владеење на компјутерски апликации – MS Office, Internet
  • Возачка дозвола Б категорија

 
Одговорности:

  • Креира и имплементира процедури за контрола на квалитетот во соработка со одговорните за производство.
  • Развива планови за обезбедување на квалитет на производите со спроведување анализа на ризици, идентификување на критичните точки и превентивни мерки, следење на процедурите и предлагање на корективни мерки.
  • Во соработка со одговорните за производство и продажба ги разгледува барањата и поплаките од клиентите, со цел за нивно разрешавање.
  • Изработува соодветна документација за следење и контрола на квалитетот на производите.
  • Планира и спроведува внатрешна ревизија на системот за управување со квалитет.
  • Ги следи производствените резултати со цел собирање релевантини информации и изработка на статистички извештаи за квалитетот на  производите.
  • Дава совети за промени и нивно имплементирање, како и обезбедува соодветни обуки, средства и техники со цел да им овозможи на другите да го постигнат бараниот квалитет.
  • Врши организирање,  контрола и координација на работата во секторот за контрола на квалитет, како и го развива и надградува истиот.
  • Прави Внатершна ревизија на системот за квалитет според дефинираната динамика
  • Изработува годишни планови и извештаи за работата на секторот.
     

Нашиот Клиент Ви нуди раководна и одговорна позиција, со одлична можност за континуирано усовршување и стимулативни услови за работа.

Доколку сметате дека вашите квалификации се во склад со барањата на оваа позиција, Ве молиме да го доставите вашето CV на англиски јазик, со назнака за позицијата, на нашата адреса.
 

E-mail: prijava@hill-international.com.mk
Тел/факс: 02/3296-481
 

Job duration: 09.10.2013.