
Хилл Скопје за својот клиент, компанија која е реномиран регионален лидер во областа на фармација, бара самоиницијативна и мотивирана личност за позицијата:
Медицински претставник
Квалификации:
- ВСС – дипломиран фармацевт или доктор по медицина/ стоматологија
- Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик и MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Динамичен и флексибилен пристап во извршувањето на работните обврски
Одговорности:
- Понуда, промоција и презентација на медицинска козметика од реномиран производител
- Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
- Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
- Учество и организирање на стручни собири
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
- Идентификување на нови деловни можности и иницирање на контакти
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
Работното време за оваа позиција е од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 24.01.2020, со назнака за позицијата.
E – mail: prijava@hill-international.com.mk
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Job duration:
09.01.2020.