Job expired on 21.04.2015.
View current job openings in our Job section
За потребите на нашиот Клиент, кој е мултинационална успешна компанија од областа на градежништвото, бараме високо стручни професионалци за позицијата
 
 

МЕНАЏЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ЖИВОТНА СРЕДИНА  

 
Квалификации:
  • Универзитетска диплома (Технички факултет / Машински факултет – насока: Управување со системи за безбедност и здравје при работа / Факултет за безбедносно инженерство)
  • Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма,
  • Одлично владеење на компјутерски апликации – MS Office
  • Одлично познавање на законските прописи поврзани со работата
  • Работно искуство од 3 години во областа ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија 
  • Комуникативна и стабилна личност со изразени интерперсонални вештини,
  • Тимски ориентирана личност со лидерски вештини, 
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето
 
Одговорности:
  • Обезбедува имплементација на законските обврски и политиките за БЗР на сите нивоа во организацијата во соработка со одговорните лица во другите сектори и одделенија.
  • Врши надзор и контрола над спроведувањето и унапредувањето на БЗР и животната средина на ниво на целата компанија.
  • Врши надзор над тим од професионалци, кои спроведуваат активности,  ревизии и инспекции од областа на безбедност и здравје при работа и животна средина.
  • Учествува во изработка на предлог актите од областа на безбедност и здравје при работа.
  • Препорачува промени на работните процеси и услови за работа со цел  за да се обезбеди  сите вработени да имаат безбедна и здрава работна средина. 
  • Организира здравствените прегледи и спроведува обуки од областа на БЗР и животна средина за сите вработени. 
  • Организира испитување и евиденција на работната опрема и работната средина согласно законската регулатива.
 
 
Работното време 07:00 – 15:00 часот. Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа. Извршителот ќе работи во една смена. Компанијата обезбедува основна месечна нето плата во износ од 33.910,00 денари со можност за остварување на дополнителен 15% варијабилен дел на плата.
 
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резлутати. 
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија и мотивациско писмо на англиски јазик на е-маил адреса: prijava@hill-international.com.mk, со назнака за позицијата. 
 
Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост. Единствено кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
 
Job duration: 30.03.2015.