Директор за продажба- Скопје

published:

 

 
Хилл Скопје за својот клиент, реномирана и успешна компанија, бара искусна, посветена и  професионална личност за позицијата:
 

Директор за продажба

 
 
Квалификации:
  • BCC – економски факултет е предност
  • Минимум 7 години искуство во продажба
  • Меѓународно искуство во продажба, организирање/настап на меѓународни саеми
  • Искуство во раководење и тренинг на продажен тим
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини
  • Ориентираност кон резултати, динамичност и подготвеност за тимска работа
  • Висока работна етика, одговорност и организациски способности
  • Возачка дозвола – Б категорија
 
Одговорности:
  • Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите 
  • Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа
  • Организирање, координирање и контрола на продажните активности 
  • Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности
  • Стратешко планирање и развој на нови производи
  • Раководење со тимот за продажба и продажната мрежа
  • Редовно известување и водење на соодветна евиденција за текот на проектите
 
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати. 
 
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 14.03.2019, со назнака за позицијата. 
 
www.hill.mk 
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот