Понудата е истечен12.02.2020.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
 
 

 
 
 
 
 
 
Хилл Скопје за својот клиент, компанија која е реномиран регионален лидер во областа на фармација, бара самостојна, организирана и проактивна личност за позицијата:
 

Бренд Менаџер 

 
Квалификации:
 
  • ВСС – дипломиран фармацевт или доктор по медицина/ стоматологија  
  • Минимум три години искуство во промоција на фармaцевтски производи
  • Искуство во креирање и извршување на маркетинг план, вклучително план за продажба, клучни индикатори на перформанси, SWOT анализа, критични фактори на успех, ќе се сметаат за предност
  • Познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Одлични комуникациски и презентациски способности 
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Динамичност, флексибилност и самоиницијативност
 
Одговорности:
 
  • Креирање и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
  • Редовни извештаи за спроведените активности
  • Организација и учество на стручни собири
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
 
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето. 
 
Работното време за оваа позиција е од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 12.02.2020, со назнака за позицијата. 
 
 
 
www.hill.mk 
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
Времетраење на рекламата: 09.01.2020.