Понудата е истечен23.05.2017.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
 
 
 
 
 
 
 
GlaxoSmithKline (GSK) е една од водечките научно-истражувачки фармацевтски компании посветена на мисијата да го подобри квалитетот на човечкиот живот, овозможувајќи им на луѓето да постигнат повеќе, да се чуствуваат подобро и да живеат подолго.
 
ХИЛЛ за потребите на својот клиент бара кандидати за позицијата
 

Асистент за регистрации на лекови

 
Квалификации: 
  • Универзитетска Диплома – Медицински или Фармацевтски факултет
  • Идеално искуство од 2 години во областа на регулатива
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Потполна литературна и вербална писменост на македонски јазик 
  • Способност за ефикасна интеракција, тимска ориентација и самостојност
  • Прецизност, точност, внимание на детали
  • Решавање на проблеми и иновативност
 
Одговорности:
  • Подготовка на нови регулаторни документи, досиеа и апликации со цел да се обезбеди воведување на нови и одржување на постоечките производи на пазарот усогласени со регулативата
  • Измена на лиценци за производите, технички и клинички
  • Редовна и ad-hoc комуникација со регулаторните тела
  • Одржување на локална база на податоци, како и централна база
  • Комуникација со централните регулаторни функции
  • Следење на локалното законодавство и навремено спроведување на промените
  • Водење на трошоци поврзани со регулатива
  • Управување и имплементација на промени во пакувањата
  • Одговорност за стриктно почитување на процесот на создавање на пакувањата кој е во согласност со побарувањата на регулаторната агенција и на ГСК
  • Покривање на одговорностите на тековно секојдневно менаџирање на активностите за фармаковигиланца за маркетираните производи
  • Преглед и одобрување на промотивни материјали
  • Останати активности предвидени со Правилникот за систематизација на работни места
 
Доколку сакате да бидете дел од успешна интернационална компанија, која нуди одлични услови за работа и континуиран напредок, Ве молиме испратете ја Вашата професионална биографија и Мотивационо писмо на англиски јазик, со напомена за работното место. Ги очекуваме вашите апликации најдоцна до 17.04.2017.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
 
Во зависност од бројот на пристигнати апликации, изборот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.
 
 
тел: +389 2 3296 481
 
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.
 
Времетраење на рекламата: 03.04.2017.