Нашиот Клиент е реномирана и успешна интернационална компанија со сопствен производствен погон. Поради зголемен обем на активности, бараме амбициозни и мотивирани кандидати за позицијата
Супервизор на магацин за готов производ
Квалификации:
- Виша или Висока стручна подготовка
- Пожелно 3 години работно искуство во логистика и складиштење на стоки
- 1 година искуство во водење на тим
- Претходно искуство во управување со виљушкар
- Сертификат за управување со виљушкар
- Добро познавање на англиски јазик и MS Office
- Познавање на GMP стандарди, HACCP, ISO 9001, ISO 14001, OHSAS
- Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
Одговорности:
- Одговорност за севкупната организација на работата во магацинот за готов производ и обезбедување навремено и квалитетно функционирање согласно потребите на компанијата
- Обезбедува навремена, редовна и точна евиденција на готов производ и амбалажа
- Гарантира соодветно навремено и квалитетно управување со податоци и документација
- Подготвува дневни, неделни и месечни извештаи во областа на одговорностите
- Управување со луѓе
Компанијата Ви нуди работна позиција на одреден временски период од 18 месеци, со можност за постојано вработување, исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, како и наменски обуки.
Доколку ги исполнувате бараните услови и сте заинтересирани за професионален предизвик, Ве молиме вашата пријава и биографија да ја испратите на нашата адреса, со загарантирана дискреција. Задолжително назначете ја позицијата за која што аплицирате. Краен рок за доставување на апликациите е 16.12.2013.
Хилл Интернатионал, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
www.hill.mk
Времетраење на рекламата:
13.12.2013.