Понудата е истечен31.12.2013.
Прикажи ги нашите сегашни реклами во делот oгласи за работа
Нашиот Клиент е реномирана и успешна интернационална компанија со сопствен производствен погон. Поради зголемен обем на активности, бараме амбициозни и мотивирани кандидати за позицијата
 
 

Супервизор на електро одржување

 
 
Квалификации:
  • Висока стручна подготовка (Електротехника)
  • Пожелно 3 години работно искуство на иста или слична позиција (Електро одржување)
  • Искуство во водење на тим 
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Познавање на GMP стандарди, HACCP, ISO 9001, ISO 14001, OHSAS
  • Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
 
 
Одговорности:
  • Ефикасна организација и управување со групата за електро одржување
  • Анализира и решава прблеми со електро дефекти
  • Организира и спроведува квалитетно извршување на електро поправки и одржување на машините во производство по потреба во погонот енергетика (котлара, пречистителна станица, компресорско)
  • Организира активности  на електро одржувањето во други објекти и погони од производствен или непроизводствен карактер во кругот на компанијата
  • Одговара за правилна функција на машините и средствата после интервенција или после идентификација на проблемот
 
Компанијата Ви нуди работна позиција на одреден временски период од 18 месеци, со можност за постојано вработување, исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, како и наменски обуки.
 
Доколку ги исполнувате бараните услови и сте заинтересирани за професионален предизвик, Ве молиме вашата пријава и биографија да ја испратите на нашата адреса, со загарантирана дискреција. Задолжително назначете ја позицијата за која што аплицирате. Краен рок за доставување на апликациите е 16.12.2013.
 
 
Хилл Интернатионал, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
 
 

 

Времетраење на рекламата: 13.12.2013.