Нашиот Клиент е реномирана и успешна интернационална компанија со сопствен производствен погон. Поради зголемен обем на активности, бараме амбициозни и мотивирани кандидати за позицијата
Планер
-за обезбедување на репроматеријали и материјали за пакување -
Квалификации:
- Висока стручна подготовка (Електротехнички, Машински, Технолошко-Металуршки, Економски, Природно Математички факултет)
- Без работно искуство
- Познавање на деловен англиски јазик
- Одлично познавање MS Office
- Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
Одговорности:
- Управува со сите процеси на планирање и нарачка на потребните количини на суровини и репроматеријали за непречено одвивање на производниот процес
- Обезбедува оптимални залихи, суровини и репроматеријали за да се избегне недостаток на производ и непотребни трошоци
- Подготвува редовни извештаи и го следи исполнувањето на планот и отстапувањата
Компанијата Ви нуди работна позиција на одреден временски период од 18 месеци, со можност за постојано вработување, исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, како и наменски обуки.
Доколку ги испонувате бараните услови и сте заинтересирани за професионален предизвик, Ве молиме вашата пријава и биографија да ја испратите на нашата адреса, со загарантирана дискреција. Задолжително назначете ја позицијата за која што аплицирате. Краен рок за доставување на апликациите е 16.12.2013.
Хилл Интернатионал, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Времетраење на рекламата:
13.12.2013.